Свет

Стотици евакуирани во Индонезија по земјотрес од над 6 степени по Рихтер

11.09.2022 10:12

Тлото не мирува ни источно од огромниот индонезиски архипелаг. Земјотрес од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Источна Нова Гвинеја...

Стотици евакуирани во Индонезија по земјотресот од 6,1 степени според Рихтер. Има повредени, а предизвикана е и материјална штета, но нема опасност од цунами.

Тлото не мирува ни источно од огромниот индонезиски архипелаг. Земјотрес од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Источна Нова Гвинеја. Индонезија е дел од „Пацифичкиот Огнен прстен“ каде што се спојуваат различни тектонски плочи при што се зголемува сеизмичката активност.