Свет

Мицотакис: Силеџиство „јок“ со Грција

11.09.2022 10:21

Пред неколку дена, Ердоган и се закани на Грција со воен одговор поради случајот со турските воени авиони кои биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море. Атина возвраќа со зајакнување на армијата и формирање на меѓународни сојузништва...

„Силеџиство јок со Грција“ – реагира грчкиот премиер Мицотакис на коментарите на турскиот претседател Ердоган. Нагласи дека официјална Анкара ги зголемувала провокациите, а Атина возвраќала со зајакнување на армијата и формирање на меѓународни сојузништва.

Пред неколку дена, Ердоган и се закани на Грција со воен одговор поради случајот со турските воени авиони кои биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.