САД

Водечките компании за картички воведуваат нов трговски код поради контрола на оружјето

11.09.2022 10:33

Американската компанија за платежни картички „Виза“ воведува нов трговски код за американските трговци со оружје во САД, со кој ќе се идентифицираат трансакциите во продавниците за огнено оружје. Меѓународната организација за стандардизација го одобри овој чекор, под притисок на активистите...

Американската компанија за платежни картички „Виза“ воведува нов трговски код за американските трговци со оружје во САД, со кој ќе се идентифицираат трансакциите во продавниците за огнено оружје. Меѓународната организација за стандардизација го одобри овој чекор, под притисок на активистите.

Кодот ќе покажува каде клиентот го извршил плаќањето, но не и производот што го купил. За слична одлука размислуваат и „Мастеркард“ и „Американ експрес“.

Некои поддржувачи на правата за оружје изразија загриженост дека може да дојде до неовластен надзор.

Во САД повторно зачестија нападите на јавни места, вклучувајќи и основни училишта.