Вжештувањето најсилно на Железарница

19.04.2014 12:21

Неизвесната трка за титулата во фудбалското првенство на Македонија денеска продолжува. 28-то коло ќе го отворат Металург и Вардар еден час пред другите партиципенти. Во шампионатот со многу непознати во себе, тие се дел од квинтетот  со највисоките резултатски цели пред себе. Вардар е втор на табелата со 48 бодови, Металург на делбата на третото место со 47,  па натпреварот на Железарница е од исклучителна важност. Секој постигнат гол, секој освоен бод го формира врвот на табелата! Во 23 от меѓусебен првенствен дуел двете екипи влегуваат некомплетни.

Неизвесната трка за титулата во фудбалското првенство на Македонија денеска продолжува. 28-то коло ќе го отворат Металург и Вардар еден час пред другите партиципенти. Во шампионатот со многу непознати во себе, тие се дел од квинтетот  со највисоките резултатски цели пред себе. Вардар е втор на табелата со 48 бодови, Металург на делбата на третото место со 47,  па натпреварот на Железарница е од исклучителна важност. Секој постигнат гол, секој освоен бод го формира врвот на табелата! Во 23 от меѓусебен првенствен дуел двете екипи влегуваат некомплетни. Металург ќе игра без „пожолтените“ Митрев, Стевановиќ и Бериша. Вардар е без  суспендираниот поради црвен картон Петров и повредениот Асани. Во претходните меѓусебни дуели во ова првенство двете екипи имаат идентични победи со по 3:0, со напомена дека Металург ја „оствари“ службено! Големата резултатска рамноправнот ги краси  и низ прволигашката историја:22 одиграни натпревари, 7 победи на Металург, 7 победи на Вардар, 7 нерешени со нивелирана гол-разлика од 22:22! Кој ја има денеска фаворитската улога? Можеби за нијанса Металург, бидејќи цела „вечност“ Вардар не успева да слави во Автокоманда. Почетокот на дербито е во 15 часот со пренос на Македонската телевизија. Другите натпревари од ова коло се играат во 16 часот. Двојките се: Пелистер-Еуромилк, Ренова-Работнички,Гостивар-Хоризонт, Напредок-Брегалница и Македонија ЃП-Шкендија.