Женско претприемништво

Висока невработеност на жените во руралните средини

11.09.2022 14:43

Бизнис средината во земјава е недоволно инклузивна и нетранспарентна во остварувањето на бизнис идеите за жените од руралните средини. Иако нивната улогата за опстанок на селата е од огромно значење, невработеноста е ниска. Дополнително жените во руралните средини се соочуваат и со предрасуди...

Само пет проценти од жените во руралните средини поседуваат сопствен имот. Главна причина, стереотипите и предрасудите. Сè уште се негува традицијата – имотот да го наследи машкото дете во семејството.

„Се соочував со огромни предрасуди, но не обрнувам внимание, продолжувам кон остварување на своите цели“, вели Васка Мојсовска од село Тимјаник – која речиси 3 децении успешно се занимава со лозарско производство. Таа е и прва жена претседател на Федерацијата на фармери. Апелира до сите жени во руралните средини, да се охрабрат и да почнат со реализација на своите бизнис-идеи.

Статистичките податоци покажуваат дека над 45 проценти од македонската популација живее во руралните средини. Иако, улогата на жената за опстојување на селата е огромна, невработеноста е многу висока.

Македонската бизнис средина е недоволно инклузивна, нетолерантна и нееднаква во остварувањето на бизнис можностите на жената од руралните средини, покажува анализата на националната платформа за женско претприемништво.

„Решивме да ги покажеме позитивните примери, како најдобар начин за мотивација“, вели Билјана Петровска од Федерацијата на фармери.

По низа лобирања на Федерацијата на фармери, од неодамна се менува и мерката со која од жените кои сакаат да добијат финансии во земјоделството се барало да бидат во брак, да живеат на надморска височина од илјада метри и да имаат барем едно дете. По донесените измени, на првиот повик аплицирале 400 жени носители на земјоделско стопанство.

Маја Стојанова