Пчеларството може да биде сериозен бизнис
Пчеларството во Македонија може да биде сериозен бизнис, велат експертите. Но, додека потенцијал и природни услови има доволно, производството на мед не е на посакуваното ниво. Полупразните кошници се резултат на климатските промени и повеќето технички недостатоци. Нема ни координираност на пчеларите со земјоделците за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди.

Пчеларството економски ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор.
Според експертите, потребен е селектиран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларство.
Заболувањето на пчелите е инцидентно, но поради интензивното и нестручно лекување поголема е можноста за добивање мед со недозволени остатоци од хемиските средства.
Недостасува и поголема соработка меѓу пчеларите и земјоделците за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди.
Последиците се повеќе се е чувствуваат и од се поголемото и се по интензивно користење на средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги загадуваат и нектарот и поленот.
Министерството за земјоделство се подготвува воведување нов начин на субвенционирање на пчеларството.
Целта е професионалните пчелари да добијат поголема финансиска поддршка како и да се отстранат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција во оваа дејност.
Методија Трајков
