ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не се плаши од народот и да дозволи собирање на потписи
Барањето со Иницијативата е поднесено согласно Законот за референдум до претседателот на Собранието, и нема правен основ тоа да не се одобри. Доколку власта прибегне кон опструкции само ќе покажат дека се плашат од народот и се свесни дека тоа што го прават е во спротивност со волјата на народот, велат од партијата.

СДС да не се плаши од народот. Собранието да дозволи да се собираат 150 илјади потписи за Референдум. Власта да не се дрзнува преку Собранието и Талат Џафери да го оневозможи референдумското изјаснување, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето со Иницијативата е поднесено согласно Законот за референдум до претседателот на Собранието, и нема правен основ тоа да не се одобри. Доколку власта прибегне кон опструкции само ќе покажат дека се плашат од народот и се свесни дека тоа што го прават е во спротивност со волјата на народот, велат од партијата.
Ја повикуваме власта да покаже минимум демократски капацитет, и не само да не го опструира референдумско изјаснување, туку да одиме и на предвремени парламентарни и претседателски избори- стои во соопштението.
