УКРАИНА

Истокот остана без струја, Москва негира напад врз цивили

12.09.2022 09:38

Според владата, ракетирањето било одговор на брзата офанзива на украинските трупи за време на викендот, што резултираше со повлекување на руската војска од главното упориште во регионот Харков.

Киев ги обвини руските сили за напад врз цивилна инфраструктура при што беше прекинато снабдувањето со електрична енергија на истокот на земјата. Според владата, ракетирањето било одговор на брзата офанзива на украинските трупи за време на викендот, што резултираше со повлекување на руската војска од главното упориште во регионот Харков. Осуда за нападите и од САД. Москва негира дека нејзините сили целат кон граѓаните.

„Бев исплашена, гледав крв пред себе, огромни траги од крв. Тешко е да се живее во темнина, не сакам да се навикнам на тоа.“

„Русите беа овде вчера, на пладне почнаа да викаат и да бегаат. Ги стартуваа тенковите и воените возила.“

Западните влади ги мобилизираат производителите на оружје да го зголемат производството и надоместот на резервите кои се испразнети поради вооружувањето на Украина во шестмесечната војна со Русија. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин на состанок со директорите на националните компании во оваа област за да се подготват долгорочни планови.