Свет

Кралот Чарлс Трети со прво обраќање како монарх во Вестминстер

12.09.2022 09:45

Во Парламентот ќе го одржи својот прв говор како крал. Потоа заминува во Единбург каде што е изложен ковчегот на упокоената кралица.

Кралот Чарлс Трети во прва посета на Вестминстер како монарх. Во придружба на сопругата- кралица Камила, ќе присуствува на специјалната седница на која пратениците и оддаваат почит на неговата мајка, Кралицата Елизaбета Втора.

Во Парламентот ќе го одржи својот прв говор како крал. Потоа заминува во Единбург каде што е изложен ковчегот на упокоената кралица.

Во главниот град на Шкотска е закажана и аудиенција со премиерката Старџен и парламентарна седница. Граѓаните на Шкотска ќе можат да се збогуваат со својата владетелка до утре попладне.