Свет

Каталонците на масовен протест за независност

12.09.2022 10:21

Протестот се случува во време на намалени тензии на релација Мадрид-Барселона. Централната влада е против отцепување на Каталонија.

Под мотото „Се враќаме на победа: Независност!“ Каталонците одржаа масовен протест во Барселона. Маршот беше организиран од граѓанксото движење Каталонско национално собрание, е првиот откако шпанската влада ги помилува деветтемина каталонски сепаратистички лидери кои беа во затвор поради активностите во обидот за независност во 2017 година, период кој се смета за најголемата политичка криза во земјата.

Протестот се случува во време на намалени тензии на релација Мадрид-Барселона. Централната влада е против отцепување на Каталонија.

Разговорите кои беа прекинати уште во 2020 година треба да продолжат неделава.