Редовни вежбовни активности на припадниците на Генералштабот и потчинетите команди и единици на Армијата
Овие вежбовни активности кои се изведуваат во и вон работно време во различни периоди на годината се дел од годишниот План на Генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во изведување на предвидени постапки и мерки во зададени ситуации, информираат денеска од Генералштабот на Армијата.

Во текот на денешниот ден почнаа да се изведуваат вежбовни активности во гарнизоните каде има стационирани единици на Армијата, како дел од редовните и планирани активности на Генералштабот и потчинетите команди и единици.
Овие вежбовни активности кои се изведуваат во и вон работно време во различни периоди на годината се дел од годишниот План на Генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во изведување на предвидени постапки и мерки во зададени ситуации, информираат денеска од Генералштабот на Армијата.
Оттаму додаваат дека за оваа активност и раздвижувањето на персонал и моторни возила кое ќе се одвива во гарнизоните, навремено се известени сите релевантни државни институции на подрачјата каде се предвидени активностите.
