Култура

„Во Кревет“ - изложба на Мила Добревска

12.09.2022 10:51

Во галеријата на МКЦ во Скопје од 16-26 септември во ќе бидат изложени делата на младата уметница Мила Добревска...

Во галеријата на МКЦ во Скопје од 16-26 септември во ќе бидат изложени делата на младата уметница Мила Добревска кои се всушност нејзина прва самостојна изложба насловена „Во кревет“.

Мила Добревска, е родена 1999 г. во Скопје. Своето средно образование го оформува во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел сликарство, а своите студии ги продолжува на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија, каде што дипломира како визуелен уметник и мозаичар. Моментално Мила Добревска ги завршува своите пост-дипломски студии на истиот факултет во Равена со фокус на мозаик.

Изложбата е плод на длабоко и интимно истражување на душата и потсвеста на човекот. Во својата најскриена, најлична состојба и претставуваат потрага по инстинктивното и потсвесното.