Субвенции за лозарите и овоштарите
19.04.2014 14:01
За одржување на насадите,лозарите годинава добиваат по 40 илјади денари по хектар.
Минималната површина е 0,2 хектари со најмалку 1.500 садници.
За насадите до 5 хектари субвенцијата е 100 проценти,а со зголемувањето на површините се намалува и процентот на финансиската поддршка.

Насадите со јаболки, круши, вишни и праски се субвенционираат со 33 илјади денари.
За другото овошјe се добиваат 28 илјади, а за оревот и костенот 15 илјади денари по хектар.
За овошјето предадено во преработувачките капацитети од декември лани ,до ноември оваа година, се обезбедени дополнителни 2 денари по килограм.
Подигнувањето на нови лозови и овошни насади ќе се финансира од програмата за рурален развој со вкупно 27,5 милиони денари.
Методија Трајков