Грција последен четвртфиналист на Евробаскет 2022

12.09.2022 12:01

Куриозитет на шампионатот е идентичниот резултат поставен на другите три осминафинални средби одиграни во текот на вчерашниот ден...

Предводена од суперѕвездата Јанис Адетокунбо, репрезентацијата на Грција синоќа ја победи Чешка со 94:88 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство чија завршница се игра во Берлин.    

Куриозитет на шампионатот е идентичниот резултат поставен на другите три осминафинални средби одиграни во текот на вчерашниот ден:

Полска – Украина 94:86

Финска – Хрватска 94:86

Италија – Србија 94:86.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат утре и в среда. Двојките се:

Шпанија – Финска (13 септември 17:15 часот)

Германија – Грција (13 септември 20:30 часот)

Франција – Италија (14 септември 17:15 часот)

Словенија – Полска (14 септември (20:30 часот).