Македонија

Пендаровски со сопругата ќе присуствува на погребот на Кралицата Елизабета Втора

12.09.2022 12:20

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19-ти септември во Лондон...

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19-ти септември во Лондон, соопштија денеска од неговиот кабинет.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот, на 8-ми септември. Беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот. Нејзиниот син, Чарлс, е  прогласен за нов крал на Обединетото Кралство.