Брисел

Судење за осомничените во терористичките напади од 2016 година

12.09.2022 12:42

Во Брисел почна судење на осомничените за учество во терористичките напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени на аеродромот и метростаницата...

Во Брисел почна судење на осомничените за учество во терористичките напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени на аеродромот и метростаницата.

Меѓу обвинетите е и Салах Абдеслам кому веќе му е изречена доживотна затворска казна поради вмешаност во нападите во Париз во 2015 година. Тој беше осуден на 20 години затвор во посебно судење.

На едно лице ќе му се суди во отсуство, се претпоставува дека загинал во Сирија.