УХМР

До петок сончево и топло, од сабота дожд и заладување

12.09.2022 12:46

Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.

До петок времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температура. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела се очекува значително заладување.