Собрание

Професорот Климовски не го помина комисискиот филтер за уставен судија

12.09.2022 12:57

Членовите дебатираа за предлогот на опозицијата, универзитетскиот професор Саво Климовски, но, тој не доби зелено светло. Останува за дискусија уште кандидатурата на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, предложен од власта.

Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска комисија. Членовите дебатираа за предлогот на опозицијата, универзитетскиот професор Саво Климовски, но, тој не доби зелено светло. Останува за дискусија уште кандидатурата на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, предложен од власта.

Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.

Комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав.