Македонија

Во Битола отворен првиот Ромски здравствено-образовен центар

12.09.2022 14:10

Во Битола отворен првиот Ромски здравствено-образовен центар во земјава. Тоа е плод на петгодишна работа и успешна имплементација на ромското здружение „Сумнал“ и општина Битола на проектот од рамките на европската Еразмус плус програма, финансиран од Националната агенција од Унгарија…

Преку новоотворениот прв Ромски здравствено-образовен центар во земјава ќе се делува за подигање на свеста за важноста од навремената медицинска превентива која досега изостанува кај оваа заедница. Студентката на Високата медицинска школа, Мелиса Комина по обуката во Романија е првиот ромски здравствено образовен медијатор кој ќе посредува помеѓу оние на кои им е потребна помош и медицинските установи.

Повеќегодишното истражување на ромското здружение „Сумнал“ покажаа фрапантни податоци. На испитување се оди во доцна фаза, а најголем дел од оваа популација не ги знае бесплатните медицински програми.

Од битолскиот Здравствен дом велат дека и досега службите од превентивата делуваа, но вака состојбите ќе бидат појасни.

Во петгодишниот Еразмус плус проект беа вклучени седум европски земји. Освен во Бугарија, Романија, Унгарија и Грција, сега ваков центар има и кај нас, кој во следните две години треба да постигне конкретни цели.

Стевче Митревски