Свечено отворена „Алејата на Украина“
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович свечено ја отворија „Алејата на Украина“. Ова ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина и нејзиниот народ, вели Герасимовски…

„Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката од граѓаните и Општина Центар за Украина и украинскиот народ, рече градоначалникот на Центар, Герасимовски, истакнувајќи дека Општина Центар сочувствува со Украина и украинскиот народ.
Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава, истакна амбасадорката на Украина.
Претставена беше и изложба на фотографии кои го прикажуваат уништеното културно наследство на Украина како последица од случувањата во земјата.
Ана Ј. Тодоровска
