Собрание

Шест предлози на ВМРО-ДПМНЕ не го поминаа комисискиот филтер за уставни судии

12.09.2022 14:34

Последниот кандидат, универзитетскиот професор по уставно право и политички систем, Саво Климовски, поранешен претседател на Собранието, не доби виза од парламентарното мнозинство во надлежната Комисија...

Шест предлози на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го поминаа филтерот на кандидати за уставни судии. Последниот кандидат, универзитетскиот професор по уставно право и политички систем, Саво Климовски, поранешен претседател на Собранието, не доби виза од парламентарното мнозинство во надлежната Комисија.

Опозицијата аргументираше, Климовски треба да ја добие довербата да стане уставен судија, како угледен познавач на уставната материја. Почна расправата и за последниот предлог од власта, за државниот обвинител Јовевски. Опозицијата вели Јовески е продолжена рака на владејачката гарнитура и дека се пресметувал со политичките неистомисленици.

Досега се утврдени двајца кандидати за уставни судии, Фатмир Скендер судија во Апелациски суд и Татјана Васиќ Бозаџиева како државен советник во Министерството за правда.

Уставниот суд повеќе од една година функционира со петмина судии, со што е одложено решавањето на предмети од оваа чувствителна област.

Игор Панов