Поплави во Македонија нема
Поплави во Македонија нема,- информираат од центарот за управување со кризи. Зголемено е нивото на водата во реките, но е во рамки на нормалата. Тимови на центарот за управување со кризи ја контролираат состојбата на теренот. Сообраќајот пак, на сите патишта се одвива тековно, по влажни коловози,- информираат од Македонија пат. Во клисурите се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Поплави во Македонија нема,- информираат од центарот за управување со кризи. Зголемено е нивото на водата во реките, но е во рамки на нормалата. Тимови на центарот за управување со кризи ја контролираат состојбата на теренот. Сообраќајот пак, на сите патишта се одвива тековно, по влажни коловози,- информираат од Македонија пат. Во клисурите се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно да возат и да ја почитуваат патната сигнализација!
