Фудбал

Љупчо Марковски го напушти Работнички

12.09.2022 19:44

Во фудбалот тренерите се најпотрошен кадар. Нема резултат и тие се веднаш на удар. Љупчо Марковски се повлече од клупата на Работнички по двата пораза со 5-0 од Академија Пандев и од Шкупи...

Во фудбалот тренерите се најпотрошен кадар. Нема резултат и тие се веднаш на удар. Љупчо Марковски се повлече од клупата на Работнички по двата пораза со 5-0 од Академија Пандев и од Шкупи.

Популарниот Калц ги презеде „дебармаалци“ пред три месеци, оствари една победа, едно реми и претрпе четири порази во шест прволигашки средби. Со таков биланс се најде на претпоследното место и го препушти кормилото на Стојанче Игњатов, кој досега му беше помошник.