Временска прогноза
Сончево со умерена облачност
13.09.2022 08:37
Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени.
Во Скопје, претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура до 11 степени, а максималната до 25 степени.
