Ковачевски денеска во посета на Атина на средба со Мицотакис
Владина делегација предводена од премиерот денеска е во работна посета на грчката метропола и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција...

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и на МЕПСО Орхан Муртезани, како и со претставници од ресорите економија и енергетика, е во работна посета на Грција.
Eнергетската стабилност во фокусот на средбата со неговиот домаќин Мицотакис. Се очекува да произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста во регионот и во енергетскиот дел.
„Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија, под предуслов да се почитуваат меѓународните договори кои постојат“, рече портпаролот на грчката Влада Иконому пред посетата на Ковачевски.
„Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја има енергетски помогнато земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји“, рече Иконому.
