Претседателот на Собранието Џафери треба да се изјасни за иницијативата за референдум
Според деловникот, претседателот на Собранието одлучува за нејзината уредност со помош на Законодавно-правната и комисијата за политички систем...

Денеска се очекува спикерот Џафери да ја прими иницијативата за референдум, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Деновиве беше надвор од земјава.
Според деловникот, претседателот на Собранието одлучува за нејзината уредност со помош на Законодавно-правната и комисијата за политички систем. Пратеници од власта велат дека Џафери може веднаш да го врати документот ако смета дека тој не е насловен до него бидејќи не се користи уставното име. Ако сепак ја прифати, тогаш работните тела нема да го разгледуваат овој дел од иницијативата.
Рокот да се произнесат комисиите е два дена. Ако ја оценат за неуредна, за иницијативата треба да се произнесе Собранието на првата наредна седница.
