Ерменија
Нови борби меѓу Ерменија и Азербејџан
13.09.2022 09:31
Објавено е дека азербејџанската армија претрпела загуби во персоналот и воената инфраструктура...

Ерменија соопшти дека рано утринава вооружените сили на Азербејџан отвориле оган во правец на неколку ерменски градови. Објавено е дека азербејџанската армија претрпела загуби во персоналот и воената инфраструктура.
Ереван непријавил жртви, но изјавиле дека судирите продолжиле во текот на ноќта. Владата во Ереван најави жалба до безбедносниот блок предводен од Русија, како и до Советот за безбедност на Обединетите нации.
Покрај рускиот претседател Путин, ерменскиот премиер Пашинјан ги покани францускиот претседател Макрон и американскиот државен секретар Блинкен да разговараат за ситуацијата.
