Индија
Осум жртви во пожар во Индија
13.09.2022 09:33
Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери во Индија...

Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери во Индија. Пожарот избувнал вчера во подрум на изложбен хотел во јужниот индиски град Секундерабад.
Прелиминарната истрага покажала дека причина за пожарот е неисправна батерија. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење за несреќата и вети компензација на семејствата на жртвите.
