Почна откупот на тутунот

25.11.2013 10:08

Од денеска со отворање на неколку пунктови почнува и официјалниот откуп на тутунот

Три од десете монополи најавија превземање на родот три недели пред законскиот краен рок. Од идната недела тутунот ќе се носи и во другите компании.

Почна откупот на тутунот. Три откупни претпријатија од неделава и другите  од идната треба да почнат со превземањето на родот.

Од сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите очекуваат сезоната да биде успешна како лани, иако сметаат дека просечната откупна цената ќе биде повисока за најмалку 5 до 8 проценти колку што е наведено во договорите. Можно да биде поголема поради и повисокиот квалитет и конкуренцијата меѓу откупувачите.

Од некогашните 6 претпријатија годинава во откупот влегуваат 10 фирми.Иако се очекува вкупно производството до 29 000  на монополите им требаат скоро 35 000  тони  тутун.

За неправилности при проценките , тутунопроизводителите, можат да го  информираат  државниот инспекторат за земјоделство.