Македонија

Средба Османи – Рибеиро

13.09.2022 10:39

Министерот Османи оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро...

Министерот Османи оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро.

На средбата беа разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, беше констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот.

„Политиките кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ денеска имаат извонредно значење, во светло на континуираната борба за заштита и промоција на човековите права и основните слободи“, нагласи Османи на средбата.

Османи изрази недвосмислена поддршка за активностите кои ја промовираат слободата на изразување, и подготвеност за натамошно унапредување на медиумското опкружување и услови за работа на новинарите.