Клоп е среќен во Борусија

19.04.2014 14:50

Со оглед дека Барселона минува низ слаба сезона според клупските критериуми, се повеќе се засилуваат шпекулациите дека Герардо Мартино ќе добие отказ, а веќе се лицитира и со можните наследници. Желба на навивачите е на „Ноу камп“ да дојде Јирген Клоп. Германскиот стратег има извонредни резултати со Борусија Дортмунд и важи за еден од најуспешните фудбалски тренери на денешницата.

„Со Борусија сме вљубени еден во друг и ми се допаѓа како се развиваат работите тука. Затоа никој не треба да се плаши дека ќе заминам“, категоричен е Клоп на се почестите информации дека раководството на Барселона ќе преземе конкретни чекори за да го прилвече тренерот на актуелниот европски вице – првак. Клоп има договор на „Вестфален“ уште четири години.