Македонија

Јавните комуналните претпријатија бараат помош од Владата, во спротивно најавуваат зголемени цени

13.09.2022 17:03

Јавните комунални претпријатија бараат средба со Владата. Бараат помош и мерки поради енормните финансиски загуби од зголемените сметки за струја. Првиот човек на регулаторна признава дека фактурите на Јавните претпријатија во некои општини се повисоки од приходите. Бислимовски се согласува дека треба да им се помогне...

Сметката за струја во одредени јавни комунални претпријатија кои се членки на АДКОМ е порасната од 10 и повеќе пати поточно за 1000 насто, се жалат од здружението. Ако час поскоро Владата не им излезе во пресрет со високите сметки за струја, Јавните комунални претпријатија ќе бидат принудени да ги зголемат цените на услугите кои ги извршуваат или да банкротираат.

Претседателот на регулаторна, Бислимовски, вели дека предлогот на АДКОМ е спротивен на законот. Предлага регулаторна да ја одредува единствената цена за услугите на јавните претпријатија, а не како досега најниска и највисока. Уверува дека енормно зголемување на цените нема да има.

Бислимовски посочи дека Јавните комунални претпријатија треба да се ангажираат за да се намалат загубите за вода, кои достигнуваат и 65 насто.

 

Ана Ј. Тодоровска