Македонија
Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ
13.09.2022 19:10
Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери наведува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот...

Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија.
Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери наведува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.
