Ѕоф верува во потенцијалот на Јуве

19.04.2014 15:04

Легендата на италијанскиот фудбал Дино Ѕоф смета дека сегашниот состав на Јувентус е еден од најсилните во клупската историја. Освојувачот на Светското првенство во 1982-ра верува дека „бјанконерите“ ќе имаат забележителни настапи и во Лигата на шампионите во претстојните сезони.

„Треба да признаеме дека конкуренцијата во Серија А беше посилна, но и во ваква ситуација да освојувате шампионски титули во низа воопшто не е лесно. Милан и Интер се во криза, Рома игра одлично, но сегашниот состав на Јувентус е еден од најголемите“, категоричен е поранешниот голман на италијанската репрезентација.

„Јуве играше најубаво во времето на Хелмут Халер, Франко Каузио и на Роберто Бетега во седумдесеттите. Се разбира дека треба да го спомене и тимот со Платини, Бониек и половина „сквадра аѕура“ од 1982-ра“, евоцираше спомени Дино Ѕоф.