Уставен суд ќе расправа за „недела неработен ден“
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд.

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“.
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд.
Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.
