Датсјук го замолкна Бостон
Со голот на Павел Датсјук во последната третина, Детроиг го совлада Бостон на гостински мраз и поведе со 1-0 во серијата од првото коло во разигрувањето во канадско – американската професионална хокејарска лига. Дуелот на две екипи од шесте што учествуваа во формирањето на НХЛ конкуренцијата, рускиот репрезентативец го реши на нешто повеќе од три минути пред крајот, откако претходно Џими Хауард го спаси голот на Детроит со одбраната на мечот по ударот на Џером Игинла.

Со голот на Павел Датсјук во последната третина, Детроиг го совлада Бостон на гостински мраз и поведе со 1-0 во серијата од првото коло во разигрувањето во канадско – американската професионална хокејарска лига. Дуелот на две екипи од шесте што учествуваа во формирањето на НХЛ конкуренцијата, рускиот репрезентативец го реши на нешто повеќе од три минути пред крајот, откако претходно Џими Хауард го спаси голот на Детроит со одбраната на мечот по ударот на Џером Игинла. 37-от погодок на Датсјук во плеј – офот ја анулираше предноста на домашен терен ан Бостон, којшто го имаше најдобриот биланс во основниот тек од сезоната. И на наредниот натпревар, в недела навечер, пред своја публика ќе играат хокејарите на Бостон.
Во одлична ситуација е и Монтреал затоа што води со 2-0 против Тампа Беј, иако противникот беше домаќин на двете досегашни средби од нивното четвртфинале. Рене Бурк даде два, а Дејвид Дешарн и Брендон Галагер по еден гол за ноќешниот триумф со 4-1.
Сигурно водство од 2-0 пред двата меча на свој мраз има и Анахајм против Далас. Канадскиот репрезентативец Рајан Гецлаф придонесе со гол и со асистенција за победата на Анахајм на втората пресметка со 3-2. Првпат по три години плеј – оф гол постигна колегата на Гецлаф од канадската селекција Кори Пери.
