Судство

Ново рочиште за убиството на ракометарот Денис Тот

14.09.2022 10:39

На претходното судење се читаше обвинението со кое тројцата обвинети се товарат за делото убиство, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Ново рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Се очекува воведни зборови да даде одбраната. На претходното судење се читаше обвинението со кое тројцата обвинети се товарат за делото убиство, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Кажаа дека знаат за што се обвинети, но ниту еден не чувствува вина. Настанот се случи во април годинава пред дискотеката „Привилиџ“ во градскиот парк во Скопје.

Тројцата обвинети и Тот во раните утрински часови излегле од ноќниот клуб и влегле во такси возило од каде по кратка расправија излегле надвор, со нив и обвинетата Клементина која најпрво почнала да го турка Тот со двете раце по градите. Обвинетиот Анџело ја оттргнал Клементина од Тот и го удрил со тупаници неколку пати по главата.

Случајот го води судијката Елена Илиевска – Јосифовиќ.