Швајцарско финале во Монте Карло!
Во 108 - годишната историја на тенискиот турнир во Монте Карло првпат за драгоцениот трофеј којшто вреди 1000 бодови ќе играат двајца Швајцарски, Роџер Федерер и Станислас Вавринка. Титулата на третиот мастерс во сезоната ќе биде дебитанска или Федерер или за Варвинка, затоа што и двајцата со максимални резултати во полуфиналињата дојдоа до мечот за пехарот во богатото кнежевство, трет за Роџер, прв за Станислас.

34-та пресметка меѓу Федерер и победникот на последните четири мастерси од серијата 1000, Новак Ѓоковиќ донесе вистински тенис само еден сет. Му припадна на Швајцарецот кој откако одбрани две сет топки, му го одзема сервисот на Србинот и го потврди брејкот за 7:5. Во вториот сет немаше тенис, Ѓоковиќ притиснат од болката во зглобот на десната рака застана, не сакаше да ризикува и му го олесни 18 триумф на Федекс во меѓусебните дуели. Формални и без отпор 6:2 за Федерер кој утре во 36-то мастерс финале ќе се обиде да ја освои 22-та титула.
Против сонародникот Вавринка, петиот светски тенисер има биланс 13:1, но ги загуби трите претходни финалиња во Монте Карло и тоа сите од Рафаел Надал. Дека ја надимна мини кризата во којашто влезе по освојувањето на Австралија опен, Вавринка потврди со сигурната победа од 6:1 и 7:1 против Давид Ферер. Заморен и физички и психички од вчерапшниот голем триумф против Надал, Шпанецот го „преспа“ првиот сет. Вториот го донесе до тај - брејк но одличниот сервис на Варвинка му овозможи со 7:3 да се пласира во своето трето финале на турнир од оваа категориија во којашто сеуште нема трофеј.
Преносот од утрешното финале Федерер – Варвинка ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 15 часот.