Партиски реакции за иницијативата за референдум
Со отфрлањето на иницијативата за референдум, Џафери ги прекрши законите и уставот, а власта бега од народот, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и ДУИ единствени, иницијативата е спротивна на Уставот. Од власта ја повикаа опозицијата да го прифати Договорот со Бугарија…

Џафери го приватизира Собранието и уште еднаш покажа дека власта се плаши од народот и затоа измислуваат небулозни причини да ја отфрлат иницијативата за референдум, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според потпретседателот на партијата, ова нема да се заборави и одговорност мора да има.
СДСМ И ДУИ на иста линија-иницијативата е противуставна. Ја повикаа опозицијата наместо опструкции и блокади, да се врати на европскиот пат и да ги поддржат уставните измени.
Иницијативата за референдум низ процедурални забелешки и на пленарната седница. Лидерот на Левица, Апасиев рече дека Џафери се однесувал како уставен судија. Претседателот на Собранието му одговори- со референдум не може да се оспоруваат меѓународни договори, а предавања може да им држи на неговите студенти.
Од ВМРО- ДПМНЕ засега не откриваат кои ќе бидат идните чекори. Партиските органите ќе заседаваат на кои ќе се разговара за сите правни дилеми и за тоа што ќе се преземе во оваа насока.
Игор Панов
