Судство

Судиите избираат членови на Судскиот совет

14.09.2022 14:17

Судиите гласаат за тројца свои претставници во Судскиот совет. Избирачките места ќе бидат затворени во 15 часот, по што ќе треба да се утврди колку гласови добиле кандидатите...

Судиите гласаат за тројца свои претставници во Судскиот совет. Гласањето завршува во 15 часот по што ќе треба да се утврди колку гласови добиле кандидатите. На општата листа се гласа за еден кандидат од Врховниот суд и за еден од апелациското подрачје Скопје и од управните судови, двајца кандидати има од апелациското подрачје Гостивар. Потврдувањето на изборот на кандидатите ќе се изврши откако ќе поминат сите рокови за тужби.

Изборен ден во судството. Се гласа во трите изборни подрачја. За подрачјето од Врховен суд пријавен е само еден кандидат, судијката Мирјана Радевска Стефкова. Во оваа изборна единица има запишано пет избирачи. Исто така и во изборното апелациското подрачје Скопје и управните судови пријавен е само еден кандидат, судијата на Апелациски суд Скопје Зоран Герасимовски. А запишани се 213 избирачи и изборите се спроведуваат во 12 изборни места. Во изборното апелациско подрачје Гостивар има пријавено двајца кандидати – судиите на Основен суд Тетово, Љупчо Спироски и Ивица Николовски. Изборите се спроведуваат во пет изборни места и вкупно се запишани 45 избирачи, информираше претседателот на Комисијата за спроведување на избори за членови на судски совет од редот на судиите, Исамедин Лимани.

Во законот не е предвидено дали треба да има цензус колку избирачи треба да гласаат. Официјално кој колку добил и кој станал член ќе се знае по поминување на роковите за жалби и приговори, вели Лимани.

Судиите гласаат за своите колеги кои ќе треба да станат членови на Судскиот совет за да ги пополнат местата на оние кои заминаа во пензија.

Фиљана Кока