Енергетска криза

Кризната состојба продолжена до 30-ти април

14.09.2022 14:38

Владата ја продолжи кризната состојба за снабдување на топлинска и електрична енергија. Од 76 – те милиони евра во ребалансот на буџетот, дел се предвидени за стопанството...

Кризната состојба во снабдувањето на топлинска и електрична енергија продолжува до 30 април 2023 – одлучи Владата врз основа на препораките и мерките од страна на управувачкиот комитет за справување со енергетската криза. Предлог – одлуките ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието.

Наскоро ќе биде дизајниран и новиот пакет антикризни мерки. Ќе биде насочен кон субвенционирања и поддршка на граѓаните и стопанството.

Владата информираше дека ЕСМ го доби тендерот за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. Одлуката е донесена врз основа на тоа што на јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, дистрибуција како и снабдување ЕСМ бил единствен пријавен понудувач на енергетска дејност.

Марина С. Тонева