Македонија

Протест на слепите лица пред Влада

14.09.2022 16:34

Под мотото „Не игнорирајте, свртете се кон нас“, слепите лица излегоа на протест пред Владата барајќи да се решат системските проблеми. Велат дека десет години не добиле зголемување на додатоците за попреченост и за туѓа нега, а не добиваат ни помагала...

Под мотото „Не игнорирајте, свртете се кон нас“, слепите лица излегоа на протест пред Владата барајќи да се решат системските проблеми. Велат дека десет години не добиле зголемување на додатоците за попреченост и за туѓа нега, а не добиваат ни помагала.

Претседателот на Националниот сојуз на слепите, Бојан Селковски истакна дека протестот следи откако на разговорите со Министерството за труд и социјална политика и со претставници од Влада не биле најдени заеднички решенија.

Побараа прием кај премиерот Ковачевски и министерската за труд. Од Владата велат дека веќе е остварена средба со претставниците на Националниот сојуз на слепи лица.