Кил сепак пресилен за Металург
Германскиот гигант заврши повеќе од половина од меѓународната задача Металург во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 31-21 е резултатот за убедлив триумф најавен уште од првите секунди со беспрекорна реализација и гранитна одбрамбена зона 6-0 и препознатлив висик ритам на игра.
Избраниците на Лино Червар не успеаја да ја наместат одбрамбената зона против опасните и брзи удари од 9 метри. Се вклопи секој дел од германската машинерија, па и на хартија послабиот, голманскиот и Сјестранд, Палмарсон и Вујин беа предводници за високите пет разлика на полувреме (14-9).

По воведните 0-3 за пет минути металурзите се вратија со серија од 8-5 за изедначување во 21 минута. Следуваше уште една „црна дупка“ со само еден гол до крајот на првиот дел, период во кој германците беа беспрекорни во дефанзива и прецизни во шест напади.
Во второто полувреме Металург имаше дух и енергија за пресврт само во почетни 18 минути во кои со серија од 4-0 за 120 секунди се приближи на подносливи 19-22.
И од тој момент се распадна за разлика од противникот кој токму од тој момент додаде гас и се врати уште посилно во мечот. Финалните 12 минути беа само рутина за фаворизираниот Кил зашто против себе веќе имаше грогиран ривал.
Металург не ги искористи 10-те одбрани на Станиќ, зашто бековскиот тандем Атман, Вугринец постигна само 7 гола. Миркуловски не беше стрелец, додека Манасков заврши како најефикасен со 6 гола.
Кил имаше извонредно балансиран состав предводен од голманот Сјостранд кој одбрани 12 удари со три седмерци. Вујин со 8 гола и Палмарсон со 7 беа перфектни напаѓачи по 5 постигнаа пивотот Винцек и крилото Екберг.