Македонија

Недела останува ден за одмор на работниците, Уставен немаше мнозинство

14.09.2022 17:16

Уставниот суд не донесе одлука за иницијативата на Стопанската комора поради немање мнозинство. Еден од судиите не го поддржал рефератот...

Недела останува ден за одмор на работниците. Уставниот суд не донесе одлука за иницијативата на Стопанската комора поради немање мнозинство.

Еден од судиите не го поддржал рефератот. На предметот ќе се навратат кога Уставен ќе се комплетира.

Од ССМ велат, работниците можат да веруваат во владеење на правото.