Македонија

Во пресрет на почетокот на скрининг процесот, дипломати од Советот на ЕУ во посета на Собранието

14.09.2022 18:12

Прва посета, симболичен чин, но практична можност да се види какви се подготовките на земјава за претстојниот скрининг и преговори со Унијата. Поддршката не изостана, но се испрати и порака – поделбите да се премостат, а пратениците да работат заедно на реформите...

Прва посета, симболичен чин, но практична можност да се види какви се подготовките на земјава за претстојниот скрининг и преговори со Унијата.

Група дипломати од Советот на ЕУ во посета на Собранието. Поддршката не изостана, но се испрати и порака – поделбите да се премостат, а пратениците да работат заедно на реформите.

Преговорите да се водат на рамноправна основа, став од спикерот Џафери. Потсети дека Владата е обврзана во пристапниот процес да ги почитува црвените линии – јазикот, идентитетот и културата.

Власта се надева дека и колегите од опозицијата ќе го поддржат процесот на пристапување и ќе се откажат од блокадите.

Од ВМРО-ДПМНЕ со потсетување дека евроинтеграцијата е цел на сите пратеници.

Европската дипломатска делегација претходно и на средби во Владата. Добиле уверување од премиерот дека во иднина, земјава ќе испорача брзи и квалитетни резултати, а во евроинтегративниот процес, Владата ќе работи со сите општествени и политички чинители.

Анита Димитријевска Велковска