Фаворитите победнички, дербито одложено

19.04.2014 23:02

Нецелосна беше 28-та етапа од фудбалското првенство на Македонија. Лошата состојба на теренот на Железарница предизвикана од дождот, го оневозможи  одигрувањето на дербито меѓу Металург и Вардар. Според пропозициите натпреварот ќе мора да се игра во следните 24 часа. Неофицијално, утре играчите на Металург и на Вардар ќе мораат да истрчаат. Преостанатите пет мечеви од ова коло имаа свој епилог. Резултатски, тие  целосно беа во прилог на фаворитите, што значи дека ретко возбудливата трка за шампионската титула продолжува.

Нецелосна беше 28-та етапа од фудбалското првенство на Македонија. Лошата состојба на теренот на Железарница предизвикана од дождот, го оневозможи  одигрувањето на дербито меѓу Металург и Вардар. Според пропозициите натпреварот ќе мора да се игра во следните 24 часа. Неофицијално, утре играчите на Металург и на Вардар ќе мораат да истрчаат. Преостанатите пет мечеви од ова коло имаа свој епилог. Резултатски, тие  целосно беа во прилог на фаворитите, што значи дека ретко возбудливата трка за шампионската титула продолжува. Лидерот Работнички, „лидерски“ се претстави во Тетово.Ја декласира Ренова дури со 6:2! Хоризонт одново успешно со 2:1 го заврши  гостувањето во Гостивар. Пелистер по поразите во изминатите две кола се врати на победничкиот колосек со 1:0 против Еуромилк, кој што се повеќе ја губи прволигашката кондиција. Вредни гостински победи извојуваа Шкендија во Ѓорче Петров против Македонија со 3:1 и Брегалница со ист резултат во Кичево против Напредок.

 

Прва лига-28 коло-резултати:

Гостивар-Хоризонт 1:2

Македонија ЃП-Шкендија 1:3

Напредок-Брегалница  1:3

Пелистер-Еуромилк 1:0

Ренова-Работнички 2:6

Металург-Вардар неодигран

 

Табела:

1.Работнички      53

2.Хоризонт          50

3.Пелистер           50

4.Вардар               48 (-1)

5.Металург           47 (-1)

6.Шкендија           42

7.Брегалница        39

8.Ренова                36

9.Еуромилк           32

10.МакедонијаЃП 26

11.Напредок          14

12.Гостивар           14