Македонија
Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новите амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија
15.09.2022 08:22
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија...

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија.
Како што информира Кабинетот на претседателот, Ами Ларсон Џеин е новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска, а Андраш Клајн е новоименуван амбасадор на Унгарија во земјава.
Армен Једигариан е новоименуван амбасадор на Република Ерменија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.
