Украина

Зеленски преживеа сообраќајна несреќа

15.09.2022 09:47

Украинскиот претседател Зеленски преживеа сообраќајна несреќа во Киев и нема повреди. Неговиот портпарол Никифоров изјави дека неговиот автомобил бил удрен од друго возило. Во тек е истрага...

Украинскиот претседател Зеленски преживеа сообраќајна несреќа во Киев и нема повреди. Неговиот портпарол Никифоров изјави дека неговиот автомобил бил удрен од друго возило. Во тек е истрага. Продолжуваат битките на терен. Во градот Криви Рих беа оштетени брана и водовод што предизвика излевање на реките од коритата. Украинските власти тврдат дека ова е последица на руските ракетирања. Во опасност од поплави се жителите на централна Украина.

„Вашите проектилни напади врз браната, врз градбите кои немаат никаква воена важност, всушност, нападите врз стотиците илјади цивили, сè уште една причина зошто Русија ќе изгуби. И не само оваа војна, туку и историјата“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, руската војска почна да спроведува заедничка патрола со кинеската морнарица во Пацификот. Претседателот Путин во посета на Узбекистан на самитот на Шангајската организација за соработка. Агендата опфаќа средба со кинескиот колега Џинпинг.