Шведска
Премиерката Андерсон го призна поразот на парламентарните избори
15.09.2022 09:48
Десничарите во Шведска формираат Влада, левичарската премиерка поднесува оставка...

Десничарите во Шведска формираат Влада, левичарската премиерка поднесува оставка. Досегашниот шеф на владиниот кабинет од редовите на социјалдемократите Магдалена Андерсон го призна поразот на парламентарните избори одржани во неделата.
Таа нагласи дека за земјата е приоритет што поскоро да добие нова Влада. Воздржаните, шведските демократи, демохристијаните и либералите, според последните податоци, ќе добијат 176 места во парламентот од 349 места, додека левиот центар ќе добие 173 места.
Улф Кристерсон, лидер на Умерената партија, е десничарскиот кандидат за премиер.
