Спасени туристи во околината на Трескавец
Посетата на светски познатиот манастир Трескавец не заврши како што планираа две туристки од Полска. Мораа да бидат спасени од процеп во карпа интервенираа пожарникари, но најмногу двајца спелеолози од прилепското друштво „Златоврв“. Многу е потребен професионален локален тим...

Враќањето од посетата на Трескавец за две полски туристки, не беше како што посакуваа. Мораа да бидат спасени од процеп во карпите. За среќа, нема сериозни повреди, ама има тешко искуство кое не може да се заборави. Ќе остане и благодарноста кон двајцата спелеолози од прилепското друштво „Златоврв“.
Силвија Лешиковска, туристка од Полска – Дел сме од група од 37 туристи од Полска и дојдовме во посета на манастирот. На враќање заглавивме во карпите, не можевме ниту горе, ниту долу. Бевме исплашени. Се јавивме во службата. Момците дојдоа да не извлечат, тоа го направија вешто. Многу беа услужливи. Поради нив, ние сме тука. Не можам да замислам што ќе се случеше ако не ни помогнеа. Затоа многу сме благодарни.
На помош беа четворица пожарникари со теренско возило, ама најсоодветни за спасување се двајцата спелеолози од „Златоврв“.
Се покажува дека е многу потребно да има спасувачка служба во Прилеп. Сите напори, вели Неданоски, пропаднаа поради незаинтересираноста на локалните власти.
Во Прилепско често имало интервенции во природа, за параглајдеристи, во урбана средина.
Елизабета Митреска
